Утрински Весник
Македонија

Времето утре сончево со температура до 30 степени

Времето утре сончево со температура до 30 степени
Dik 300x250 mk

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во наредните денови не’ очекува претежно стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово