Утрински Весник
Македонија

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска сончево со умерена облачност

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, а попладне, претежно во јужните делови, ќе има услови за слаб локален дожд, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 17 степени. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки