Утрински Весник
Македонија

Времето денеска облачно и ветровито со локален снег во северните делови

Времето денеска облачно и ветровито со локален снег во северните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено во должината на Повардарието.

Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени, информирфаат од УХМР.

Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

И в сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, од понеделник со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.

Можете да прочитате

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките