Утрински Весник
Македонија

Времен сообраќаен режим на автопатот Е-75, кај клучката Градско

Времен сообраќаен режим на автопатот Е-75, кај клучката Градско

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лента и лентата за застанување, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон граничен премин Богородица и во правен на граничен премин Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ке трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци, информираа од АМСМ.

Потсетуваат дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и оваа обврска ќе трае до 15.3.2022 година.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)

ЦУК: Итна спасувачка акција во Македонија

Горештините се враќаат – Утре до 36 степени