Утрински Весник
Свет

Враќањето на „Аја Софија“ во џамија ќе предизвика раздор, предупредува вселенскиот патријарх Вартоломеј

Враќањето на „Аја Софија“ во џамија ќе предизвика раздор, предупредува вселенскиот патријарх Вартоломеј

Враќањето на истанбулската „Аја Софија“ во џамија би предизвикало раздор, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј, пред турскиот суд да донесе одлука за зградата која е музеј од 1934 година.

Турскиот претседател Таип Ердоган предложи Аја Софија повторно да стане џамија. Ова поранешно христијанско место за богослужба се наоѓало во срцето на христијанското византиско и муслиманско Османлиско Царство, а денес е еден од најпосетуваните споменици во земјата.

На 2 јули судот ќе одлучи да се оспори сегашниот статус, со кој се оспорува законитоста да се претвори Аја Софија во музеј во 1934 година во првите години на модерната секуларна турска држава, основана од Мустафа Кемал Ататурк, пренесува „Ројтерс“.

„Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет“, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот.

Промената на статусот ќе ги разбие овие два света во време кога на човештвото му треба единство повеќе од кога и да било заради пандемијата на „Ковид-19“, рече Вартоломеј.

Сепак, разни групи се залагаат со години да ја претворат Аја Софија во џамија, а Ердоган, побожен муслиман, го поддржа нивниот повик пред минатогодишните локални избори, потсетува агенцијата.

Текстот Враќањето на „Аја Софија“ во џамија ќе предизвика раздор, предупредува вселенскиот патријарх Вартоломеј е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре