Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Вратарот“ на Хрватска: Шпанците не трпат кога противникот ја држи топката

„Вратарот“ на Хрватска: Шпанците не трпат кога противникот ја држи топката
Img 7972

Голманот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Доминик Ливаковиќ денеска изјави дека клуч на победата против Шпанија би можело да биде одземање на поседот на противникот кој „не трпи другиот тим да ја држи топката“.

„Одлична репрезентација се, имаат доста млади, добри играчи. Играат добар пресинг. Створија доста прилики, не им одеше, но се надополнија во последниот меч. Треба на почетокот со нив да играме мирно, паметно, да го издржиме нивниот притисок. Тие не трпат кога другиот тим ја има топката во нозете. Мислам дека ние тоа го можеме“ рече Ливаковиќ.

Мечот меѓу Хрватска и Шпанија е предвиден во понеделник на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Иако селекторот Далиќ рече дека во осминафиналето го добија еден од најтешките противници, „вратарот“ Ливаковиќ смета дека ниту на Шпанците не им е многу драго што мораат да играат против Хрватска.

„Сигурно ние не им бевме првиот пик. Ако сакаме далеку да стигнеме, мора да ги победуваме најсилните репрезентации, мора да ги победуваме сите“ смета Ливаковиќ.

> „Вратарот“ на Хрватска: Шпанците не трпат кога противникот ја држи топката <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути