Утрински Весник
Свет

Вработена во норвешката амбасада во Москва снимена како кажува дека мрази Руси

Властите во Русија им наредија на вработените во норвешкиот конзулат да ја напуштат земјата, пренесоа странските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Спутник“, официјална Москва стапила во контакт со амбасадорот на Норвешка и наредила вработена во конзулатот да ја напушти Русија, бидејќи рекла дека „мрази Руси“.

Според извештаите, се работи за вработена во конзулатот во Мурманск, која била снимена како за време на разговор во лутина вели дека ги мрази Русите.

Елизабет Елингсен се налутила бидејќи и требало долго време да се реши недоразбирањето во едно од сместувачките места каде што престојувала и дека просторијата во која се наоѓала не била доволно чиста.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека, иако официјален Осло се извинил за однесувањето на Елизабет Елингсен, таа мора да ја напушти земјата.

„ Го земавме предвид соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи во кое тие изразија жалење за инцидентот. Во исто време изјавивме дека Елингсен не може да остане во земјата по овој инцидент“, изјави портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова.

Можете да прочитате

Ракот сите нè погодува – Бајден се огласи откако му беше дијагностициран рак

Не е само кучката Цеца: Во Костарика фатена мачка што шверцува дрога во затвор

Почина Ивана Ковачевиќ (44), сопруга на основачот и директорот на „EXIT“ Фестивал