Утрински Весник
Свет

Во Јапонија запре употребата на вакцината на „Модерна“ по смртта на двајца мажи

Во Јапонија запре употребата на вакцината на „Модерна“ по смртта на двајца мажи

Јапонската префектура Окинава ја запре употребата на вакцината на „Модерна“, откако беше забележана уште една контаминација, соопшти локалната влада.

Еден ден претходно, јапонското Министерство за здравство објави дека се истражува смртта на двајца мажи по добивањето на контаминирана вакцина на „Модерна“, иако причината за смртта не е позната. Префектурата Окинава објави дека програмата за вакцинација е делумно одложена.

„Ја суспендираме употребата на вакцината на ‘Модерна’ бидејќи во некои од нив се забележани несоодветни супстанции“, се вели во соопштението.

Производствените линии во кои е регистрирана контаминација во Окинава се различни од претходните 1,63 милиони дози кои беа суспендирани по два смртни случаи, според локалните медиуми.

Министерството за здравство соопшти дека на почетокот на месецов починале две лица на возраст од 38 и 30 години, откако добиле втора доза од вакцината на „Модерна“.

Министерството забележува дека ги истражува причините за смртта и дека не е сигурно дали постои причинско-последична врска со вакцината.

Шпанската фармацевтска компанија РОВИ, која ги произведува шишињата, соопшти дека ги истражува причините за контаминација на таа серија, која била дистрибуирана само во Јапонија.

Можете да прочитате

Пожар ја зафати главната сцена на фестивалот Tomorrowland

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп