Утрински Весник
Македонија

Во Шуто Оризари точно една година нема матичен гинеколог, во знак на протест поставен транспарент

Во Шуто Оризари точно една година нема матичен гинеколог, во знак на протест поставен транспарент
Dik 300x250 mk

Иницијатива на жени од Шуто Оризари денеска со поставување на транспарент одбележа годишнина од немањето на матичен гинеколог во оваа скопска општина.

„8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме среде пандемија со Кoвид-19, откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација“, се наведува во соопштението на Иницијативата.

Од таму додаваат дека Министерстворо за здравство најавило отворање на нова гинеколошка ординација, но истата се уште не е отворена и како што велат, репродуктивното здравје на жените од општината веќе подолго време е ставено во ризик.

Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерство за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра