Утрински Весник
Македонија

Во Штип донации за социјално ранливите семејства и за децата без родители

Во Штип донации за социјално ранливите семејства и за децата без родители

Штип, 15 март 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст-Штип во моментов е активна и до неа пристигнуваат иницијативи од страна на компаниите, а една од нив е и од познат штипски ресторан, кој своите залихи во прехрамбени производи ги приготви во пици и пастрамајлии и ги донираше на социјално ранливите семејства.

Викторија Милановска секретар на ОО на Црвен Крст-Штип вели дека од ресторанот „Local Kitchen Bar“ неколку семејства од Штип добиле топол неделен ручек.

– Со оглед на новонастанатата ситуација, која предвидува привремено затворање на угостителските објекти, од ресторанот изразија желба набавените намирници да ги искористат во хумани цели. Претставници на 10 семејства од социјален ризик лично ги подигнаа своите оброци од самиот ресторан, додека менаџментот се погрижи топли оброци да стигнат и до неделната трпеза на штитениците од Малиот групен дом за деца без родители, вели Милановска.

Попладнево до ОО Црвен Крст –Штип е пристигната и иницијатива од една компанија за донирање на средства за старите и изнемоштени лица и за децата без родители. Милановска за МИА вели дека од утре преку МИКС системот ќе почнат да функционораат и отворените соби, односно тоа се виртуелни соби во која секоја од институциите, кои се вклучени во моментов и работат на терен ќе споделуваат корисни информации за нивните активности.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска информираше дека како локална власт поради новонастанатата состојба со коронавирусот имаат формирано мобилни тимови од волонтери и вработени во општината за помош на сите стари, изнемоштени лица, лица со попреченост, лица кои поради различни причини имаат потешкотии со движењето или спаѓаат во категоријата на лица во ризик со цел да им се олесни секојдневното функционирање на оваа категорија граѓани и да не се изложуваат на дополнителна опасност.

– Помошта на мобилните тимови ќе се состои од набавка на намирници, подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето, плаќање на сметки. Оваа активност почнува утре и сите граѓани можат да се обратат на следните телефонски броеви – 078 472 621 и 03 222 6623 од 7:30 до 15:30 часот, вели Бочварски.

Тој апелира до граѓаните да продолжат да ги следат насоките од надлежните институции со цел поголема заштита на самите себе и на останатите граѓани. вдј/мс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри