Утрински Весник
Македонија

Во штипскиот регион зголемен бројот на лица во изолација

Во штипскиот регион зголемен бројот на лица во изолација

Штип, 29 јуни 2020 (МИА) – Во Штип и денеска се бележат нови случаи на заразени од коронавирусот.

Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираат дека станува збор за случаи поврзани со текстилен и кожарски кластер, а има и новозаразени од скопјанец, кој дошол на гости во Штип и неговите контакти се позитивни. Епидемиолозите се уморни и веќе во контиунитет дневно во штипскиот регион прават по 50 тестови, наведуваат од ЦЈЗ-Штип.

Со новите случаи повторно се зголеми и бројот на лица, кои се во изолација. Ако минатата недела бројката се движеше од 420 до 450, сега оваа бројка на граѓани, кои мора да седат дома е над 500.

Епидемиолозите немаат потполна слика по тестирањето на вработените во градинките. Се уште се чекаат резултатите на 20-тина вработени во градинката „Астибо“, а скринингот е направен на 12 јуни.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 30 се позитивни, а двајца се сомнителни. Во текот на денот очекуваат на домашно лекување да се пуштат неколку пациенти, кои се со полесна клиничка слика. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата