Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Шпанија се трага по Хрват поради плантажа со над 1.000 стебла марихуана

Во Шпанија се трага по Хрват поради плантажа со над 1.000 стебла марихуана
300x250 opst2

Шпанската полиција трага по 43-годишен хрватски државјанин во чија изнајмена куќа на југот на Шпанија пронашла 1.055 растенија марихуана, објави Цивилната гарда.

Неименуваниот хрватски државјанин пред десет месеци изнајмил луксузна куќа во Виљахојоса, крајбрежено гратче со 34.700 жители во близина на градот Аликанте.

„Истрагата беше покрената откако полицијата доби докази дека во куќата има плантажа со марихуана“, се вели во соопштението на шпанската Цивилна гарда.

Полицијата утврдила дека куќата ја изнајмил 43-хрватски државјанин, но тој не живеел во неа. Сепак, забележале поголем број луѓе како влегуваат и излегуваат од куќата.

„Условите беа импресивни. Сè беше поставено на многу професионален начин“, соопшти Цивилната гарда, која трага по хрватскиот државјанин во чие име е изнајмена куќата.

Ова е уште еден резултат на Зелената операција (Operación Verde), акција што ја започна шпанската полиција во февруари 2019 година со поддршка на Интерпол и Европол, со цел да се потисне садењето и трговијата со марихуана.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас