Утрински Весник
Свет

Во Шпанија речиси 9.000 новозаразени со коронавирус за еден ден

Во Шпанија речиси 9.000 новозаразени со коронавирус за еден ден

Во Шпанија, за 24 часа се регистрирани 8.964 новозаразени со коронавирус.

Министерството за здравство објави дека досега се регистрирани вкупно 534.513 заразени. Третина од новите случаи се во Мадрид, пренесува агенцијата Анадолија.

Во последните седум дена, 261 лица починаа како резултат на заразата, со што вкупниот број на починати достигна 29.594 луѓе.

Во Шпанија, како дел од новата учебна година, се отворија градинките и основните училишта. Пред да влезат во училниците, на учениците им беше измерена температурата и влегуваа еден по еден. Може да има најмногу 20 ученици во една училница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинеска авиокомпанија воведува најдолга авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес

Обвинителот од Џорџија се откажа од кривичната постапка против Трамп

Подољак: Украина не стои зад протечените транскрипти