Утрински Весник
Свет

Во Чешка трета доза ќе примаат оние кои се целсно вакцинирани пред осум месеци

Во Чешка трета доза ќе примаат оние кои се целсно вакцинирани пред осум месеци

Владата на Чешка ќе понуди трета доза на вакцина против коронавирус од 20 септември на секое лице кое е целосно вакцинирано пред најмалку осум месеци, рече министерот за здравство Адам Војтех.

Чешка, земја со 10,7 милиони жители, е една од најтешко погодените од пандемијата на коронавирус во однос на смртните случаи со повеќе од 30.400 жртви.

Коронавирусот досега е потврден кај речиси 1,68 милиони Чеси, а се проценува дека бројот е многу поголем.

Владиниот штаб за коронавирус објави дека ревакцинацијата е силно препорачана за луѓе над 60 години, но трета доза ќе биде достапна и за секој што е целосно вакциниран.

„Владата ќе ги вакцинира со ‘Фајзер’ и со ‘Модерна’ оние што се целосно вакцинирани пред најмалку осум месеци“, рече Војтех.

Можете да прочитате

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели

Предупредување за цунами издадено по два силни земјотреси крај источниот брег на Камчатка

Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“