Утрински Весник
Магазин

Во Црна Гора почна натпревар во лежење, наградата е 300 евра

Во Црна Гора почна натпревар во лежење, наградата е 300 евра

Во Црна Гора во тек е десеттиот јубилеен натпревар во лежење.

Натпреварот се одржува во етно-селото Монтенегро во близина на Никшиќ, а првата награда е 300 евра.

За сите кои сакаат да се излежаваат и се добри во тоа – ова е натпревар за нив. Правилата на играта се едноставни, можете да правите сè: да слушате музика, да типкате на мобилен телефон, да спиете … сè, освен да станете.

Оваа година правилата се малку изменети, така што на учесниците ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.

Организаторите претходно годинава организираа натпревар во самоизолација наместо лежење поради коронавирусот. Сите учесници мораа да се придржуваат кон правилата што предвидуваа да останат сами во колиба и никаде да не одат, да ја одржуваат колибата чиста и да не користат телефон, телевизија, алкохол и тутун. Организаторите обезбедија храна за седум дена, а за најупорните, дури и подолго. Дозволени беа книги и цртање, а победникот тогаш доби награда од 300 евра, пренесува „Индекс магазин“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста