Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора започнаа консултациите за формирање нова влада

Во Црна Гора започнаа консултациите за формирање нова влада

Прелиминарните консултации меѓу партиите од парламентарното мнозинство за формирање на новата влада на Црна Гора веќе се започнати, а првите официјални разговори ќе следат во наредните денови, изјавил за црногорските медиуми генералниот секретар на Граѓанското движење „Ура“.

Првите официјални разговори ќе следат во наредните денови, како што рековме, бидејќи Црна Гора и нејзините граѓани не смеат да чекаат“, посочил тој.

Како што најавил, ќе се разговара со Алијансата на граѓани ЦИВИС, Социјалистичката народна партија (СНП), малцинските партии, но и со претставници на Демократскиот фронт (ДФ) и Демократска Црна Гора.

Собранието на Црна Гора синоќа со поединечно гласање ја разреши владата на Здравко Кривокапиќ.

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати