Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 84 нови случаи на коронавирус, едно лице почина

Кафулињата и пекарниците во Хрватска од утре ќе работат до полноќ

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 84 нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а активни се 666 случаи.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 359.115 лица заразени со новиот вирус, од кои 8.169 починале.

Закрепнале 350.280 луѓе, од кои 117 во последните 24 часа. Во моментов има 4.118 лица во самоизолација.

До денес направени се 2.106.145 тестови, од кои 4.316 во последните 24 часа.

Можете да прочитате

Невработеноста во Германија во јули порасна на 6,4 проценти, без работа повеќе од три милиони луѓе

Бројот на загинати во мигрантската криза во Сеута се искачи на 27, Санчез пристигна во енклавата

Четири лица загинаа во лавината во северен Пакистан, по шест сè уште се трага