Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ја извести владата за епидемиолошката состојба и посочи дека 67 проценти од тестираните имаат британски вид коронавирус.
„Растот на бројот на новозаразени (2.422) зборува многу за сериозноста на ситуацијата. Денес има двојно повеќе луѓе на апарати за дишење во споредба со почетокот на март. Од денес, на респиратори се приклучени 144 лица“, рече Берош на отворениот дел од владината седница.
Имајќи ги предвид велигденските празници, рече тој, заразата може да се спречи со почитување на мерките. Апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките, Берош рече дека во Хрватска биле доставени 540.845 дози вакцини, од кои биле потрошени 463.003 дози или 86 проценти.