Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 4.396 нови случаи на коронавирус, 64 лица починаа

Во Хрватска рекордни 1.867 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 4.396 нови случаи на коронавирус, а 64 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 2.802 пациенти се на болничко лекување, од кои 304 пациенти се на респиратор.

Во моментов, има вкупно 25.006 активни случаи на Ковид-19 во Хрватска, а 62.370 лица се во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 168.388 лица заразени со новиот коронавирус. Вкупно починаа 2.484 лица.

Оздравеле 140.898 луѓе, од кои 4.177 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 861.401 лице, од кои 11.687 во последните 24 часа, според Националниот штаб за цивилна заштита.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се укинуваат ли правилата за течности и давачките за багаж во ЕУ? Не така скоро

Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан

Израел планира мобилизација на 100.000 резервисти за офанзива во Газа