Утрински Весник
Свет

Во Хрватска почина вакцинирана корисничка на дом за стари лица, регистрирани повеќе од 1.000 новозаразени

Во Хрватска почина вакцинирана корисничка на дом за стари лица, регистрирани повеќе од 1.000 новозаразени

Денес во Хрватска се забележани 1071 новозаразен со коронавирус, а животот го загубија 53 лица, вклучувајќи и едно лице кое ја прими вакцината. Хоспитализирани се 2.390, а 200 пациенти биле на апарати за дишење.

Министерот за здравство Вили Берош на конференцијата рече дека починала жена, 82-годишна корисничка на дом за стари лица од Чаковец, која ја примила вакцината.

„Таа беше вакцинирана, а потоа умре следниот ден. Таа е испратена на обдукција“, додаде Берош.

Тој рече дека по вакцинирањето, госпоѓата била контролирана и дека била во добра состојба.

„Следниот ден епидемиологот ја провери состојбата. Некаде околу 17 часот, ден по вакцинирањето, се влоши. Повикана е брза помош, но таа починала во домот“, објасни тој и додаде дека жената починала од срцева слабост.

Таа беше тестирана негативно на коронавирус.

„Страдаше од астма и нарушувања во голтањето, поради тоа имаше сонда, ангина пекторис, лежеше и не одеше сама“, рече Берош.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 214.390 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.179 починале, вкупно 204.303 лица се опоравиле, од кои 1.009 во последните 24 часа.

Во моментов има 17.448 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.041.678 лица, од кои 6.602 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ