Утрински Весник
Свет

Во Хрватска потврден британскиот вид на коронавирус, заразено е и дете

Во Хрватска потврден британскиот вид на коронавирус, заразено е и дете

Во Хрватска се потврдени првите три случаи на британскиот коронавирус, соопшти хрватското Министерство за здравство.

Новиот вид на коронавирус е потврден кај 50-годишен маж и три иполгодишно дете од Загреб и кај 34-годишен маж од Бродско-Посавска жупанија.

Пациентите и нивните контакти се во изолација.

Новата мутација на коронавирусот, откриена во Велика Британија, за која се смета дека 70 отсто побрзо се шири од досегашната варијанта, предизвика паника и многу држави се одлучија да воведат забрана за патувањата со таа земја.

Патрик Валанс, главниот советник за наука во британската Влада, изјави дека оваа варијанта на вирусот се шири брзо и станува доминантен вид. Британското Министерство за здравство објави дека сè уште не постојат докази за тоа дека е поголема веројатноста оти новата мутација ќе предизвика посериозни болести или смрт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година