Утрински Весник
Свет

Во Хрватска откриен индиски вид на коронавирус

Во Хрватска откриен индиски вид на коронавирус
Dik 300x250 mk

„Индиски вид на коронавирус е откриен во Хрватска“, вели Ива Пем Новосел од Хрватскиот институт за јавно здравје.

Според неа, во Хрватска е најприсутен британскиот вид коронавирус, но во неколку случаи бил откриен и индискиот вид. Овој вид, познат како двоен мутант, е доста заразен и има висок потенцијал за брз пренос.

„Откриен е пред неколку дена во Сплитско-далматинската жупанија, но ова се индивидуални случаи и нема простор за паника“, истакна Пем Новосел.

Индискиот вид на коронавирус дава слични симптоми како и другите видови на вирусот САРС-КоВ-2: треска, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, релјефен јазик (познат и како ковид-јазик), белузлави промени на ноктот), замор, главоболка …

Она што досега се знае за индиската варијанта е дека таа има две значајни генетски промени во површинскиот протеин – E484Q и L452R. Затоа го добила името „двоен мутант“. Сепак, тоа не значи дека индиската варијанта е двојно позаразна или опасна – научниците сè уште не го докажале тоа.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија