Утрински Весник
Македонија

Во функција телефонски броеви за психолошка поддршка на полициските службеници

Во функција телефонски броеви за психолошка поддршка на полициските службеници

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои психолози вработени во Министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства за полесно надминување на справувањето со состојбата со коронавирусот.

Телефонските броеви на кои можат да се јавуваат полициските службеници се 072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и тие ќе бидат отворени од 09 до 21 часот, а по потреба и по завршување на овие часови.

– Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во Министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства, велат од МВР. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избувна пожар кај Морани – 24info.mk

Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

Од протестот во Скопје: Барања за одговорност за полицијата, обвинителството и центрите за социјална работа