Утрински Весник
Свет

Во Франција скоро 8.000 нови случаи на коронавирус

Нови мерки во Париз – само велосипедистите и рекреативците не мора да носат маска

Бројот на нови случаи на коронавирус во Франција е зголемен за 7.852 во изминатите 24 часа, објавија денеска француските здравствени власти.

Тоа е зголемување во споредба со вчера, кога бројот на новозаболени беше 6.158, пренесува „Ројтерс“.

Вкупниот број на заболени со Ковид-19 во Франција од почетокот на епидемијата е 395.104.

Во изминатите 24 часа, починале 37 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е 30.999

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Специјалниот обвинител побара смртна казна за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад

Парламентот на Украина не го потврди Федоров за министер за одбрана