Утрински Весник
Свет

Во Франција сите деца постари од шест години мора да носат маски на час

Во Франција сите деца постари од шест години мора да носат маски на час

Сите деца постари од шест години низ цела Франција ќе мора да носат маски на час, изјави францускиот премиер Жан Кастекс.

Кастекс му рече на парламентот дека новите мерки се потребни за заштита на децата, учениците и родителите.

Маските досега мораа да ги носат деца постари од 11 години.

Франција влегува во нова блокада, што синоќа ја најави претседателот Емануел Макрон. Сепак, училиштата ќе останат отворени за време на заклучувањето.

Рестораните, кафулињата и деловните активности што не се од есенцијална важност ќе бидат затворени најмалку до 1 декември. Кастекс рече дека од работодавците ќе биде побарано нивните вработени да работат од дома најмалку пет дена во неделата.

„Ние мора да продолжиме да работиме што е можно повеќе, но секако со санитарни услови за да спречиме ширење на вирусот“, рече тој, пренесува АФП.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

Иран ги негира тврдењата на Трамп дека двете страни постигнале согласност околу клучните точки

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва