Утрински Весник
Свет

Во Филаделфија евакуација поради закана за бомба

Во Филаделфија евакуација поради закана за бомба

Во Филаделфија граѓаните се евакуираат поради закана со бомба во близина на местото каде се бројат гласовите на претседателските избори во САД.

Полицијата во Филаделфија соопшти дека обезбедувањето на трговскиот центар „Фешн дистрикт“ добило два повика, од исто лице, кое предупредило дека ќе експлодира бомба, пренесува Индипендент.

Специјалните единици со кучиња трагачи извршиле претрес во трговскиот центар, но не била пронајдена бомба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија