Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Во февруари пораст на трошоците на живот за овошје, зеленчук, ИКТ опрема

Повисоки трошоците за храна и туристички аранжамани
Img 7972

Скопје, 9 март 2020 (МИА) –  Трошоците на живот во февруари во однос на јануари годинава се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало се намалени за 0,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено со февруари лани трошоците на живот се повисоки за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6  проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2,1  процент, маслото и маснотиите за 1,6 проценти, месото, млекото, пивото за 0,8 проценти, рибата и морските плодови за 0,7 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6  проценти, безалкохолните пијалаци, жестоките пијалаци за 0,5 проценти, јогуртот, сирењето и урдата, јајцата за 0,3 проценти и виното за 0,2 проценти.

Минатиот месец, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај информатичката опрема за обработка на податоци за 3,2  проценти, моторните возила за 3,1  проценти, снабдувањето со вода за 1,9 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 1,7 проценти, собирањето на отпадните води за 1,4 проценти, гасот за домаќинствата за 1,3 проценти, патниот патнички транспорт за 0,9 проценти, угостителските услуги за 0,6 проценти, домашните миленици и сродните производи за 0,5  проценти, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,3 проценти.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатото овошје за 0,4 проценти, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти, другите пекарски производи за 0,2 проценти.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 11,3 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,7 проценти, течните горива за домаќинствата за 7,7 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,1 процент, услугите за сместување за 2,6 проценти, телефонската и телефакс-опремата за 1.4 пшроценти, обувките за процент, игрите, играчките и хобијата, туристичките пакетаранжмани за 0,9 проценти, цврстите горива за 0,8 проценти…лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак