Утрински Весник
Македонија

Во училиште во Карпош пронајдени куршуми и бомби

Во училиште во Карпош пронајдени куршуми и бомби

Директорка на училиште во Карпош пријавила во полиција дека додека расчистувале просторија во училиштето пронашле куршуми, рачни бомби и алатки за активирање на мини. Полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР ги подигнале истите и констатирале дека се работи за училишни предмети.

„ На 12.05.2021 во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети“ соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ