Утрински Весник
Свет

Во Украина за еден ден скоро 20.000 новозаразени со Ковид-19

Во Украина за еден ден скоро 20.000 новозаразени со Ковид-19

Рекордни 19.893 нови случаи на коронавирус се пријавени во Украина во последните 24 часа, известуваат тамошните медиуми.

Рекорден број на смртни случаи дури 433 е забележан за еден ден, што е рекордно зголемување на смртните случаи трет ден по ред, анализираат агенциите.

Доцна синоќа, Украина го потврди присуството на јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

Неколку големи украински градови, вклучително и Киев, веќе воведоа многу строга блокада.

Земјата досега бележи вкупно 1.711.630 заразени со Ковид-19 и 33.679 смртни случаи.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп