Утрински Весник
Спорт

Во Тотенхем веруваат дека Кејн ќе остане барем уште една сезона

Кејн: Тотенхем има сила да ја освои Премиер лигата

Лондон, 23 март 2020 (МИА) – Раководството на Тотенхем е уверено дека лидерот на тимот Хари Кејн нема да го напушти тимот барем до следната година, пренесе „Дејли стар“.

Договорот на Англичанецот е со важност до летото 2024 година.

Претходно интерес за негов трансфер пројавија Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 150 милиони евра.

Кејн не игра од почетокот на јануари поради повреда. Оваа сезона, 26-годишниот фудбалер настапи на 25 натпревари, постигна 17 голови и забележа две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026