Утрински Весник
Македонија

Во тетовско одбележан Денот на полицијата со оддавање почит на загинати полицајци

Во тетовско одбележан Денот на полицијата со оддавање почит на загинати полицајци

Тетово, 7 мај 2020 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај, денеска делегации на Секторот за внатрешни работи Тетово ги посетија вечните почивалишта на неколкумина трагично загинати полициски службеници од тетовскиот регион.

Во кругот на полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај беше положено цвеќе пред спомен бистата на Цоки Стојановски, полицаец загинат во 2001 година.

-Би сакал да им го честитам празникот Денот на македонската полиција. Денес сме собрани тука да дадеме почит и чест кон загинатите колеги, дел од нив припаѓаа на оваа полициска станица. Се надевам дека во иднина нема да остане во заборав. Ние континуирано ќе оддаваме почит како на Цоки така и на сите останати колеги, истакна Зоранчо Талев, командир на полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај

Со полагање цвеќе на нивните гробни места почит им беше оддадена на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски, двајцата припадници на специјалните единици на македонската полиција од Тетовско кои загинаа на 9-ти мај 2015 година во антитерористичката акција во кумановската населба „Диво насеље“. Колегите му оддадоа почит и на Дано Петрески службеник, крим-техничар кој го загубил животот во полициска акција во Палчиште во 1997 година, како и на на полицаецот Живко Јовановски кој почина во 2014 година во несреќен случај.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт