етово, 18 мај 2020 (МИА) – Кризниот штаб при општина Тетово соопшти дека од здравствените установи добиле информација дека големиот број новозаболени се луѓе кои воопшто не излегувале од своите домови, а Ковид-19 добиле од гости кои дошле кај нив. До 18 мај во Тетово и околните општини се регистрирани четири нови случаи со Ковид19, со што вкупниот број на дијагностицирани е 147. Од овој број досега оздравени се 56 лица, а 13 починале.
–Бројките во последните денови за жал упатуваат на постојан пораст на бројот на заразени лица со КОВИД 19 во општина Тетово и околината. Ова во голема мерка се однесува на непочитување на заштитните мерки, односно не ористење на заштитни маски и одржување на физичко растојание. Исто така, имаме случаи на луѓе кои не ги напуштиле своите домови, но биле заразени со Ковид-19, што значи дека вирусот им е донесен од страна, како резултат на посети во нивните домови од членовите на семејството и нивните пријатели. Затоа, апелираме да се намали бројот на непотребните посети и поголеми групирања во домови и затворени простории, истакна градоначалничката Теута Арифи.
Таа најави дека ќе локалната самоуправа ќе им помага на верските објекти за дезинфекција.
–Општинските служби, како Територијалната противпожарна единица и ЈКП Тетово по отворањето на џамиите и другите верски објекти ќе направат и внатрешна дезинфекција на просториите на објектите, со цел да се минимизира опасноста од Ковид-19, рече Арифи.
По општини најголема бројка на заразени, 68 има во тетовската општина каде има и четири починати лица, во општина Боговиње 47 заболени, и шест починати, во Теарце има 10, Брвеница 12 заболени и еден починат, во Јегуновце четворица заболени и во Општина Желино шест заразени, а починати две лица. ас/сст/