Утрински Весник
Македонија

Во Тетово одземени 89 килограми тутун и 415 кутии цигари од нелегални продавачи

Во Тетово одземени 89 килограми тутун и 415 кутии цигари од нелегални продавачи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 21 февруари 2020 (МИА) – Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово претпладнево се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале. При акција иснпекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.

– Во Тетово спроведовме акција за сузбивање на сивата економија, односно нелегална продажба на акцизна стока. Во акцијата одземени се 89 килограми режан тутун и 415 кутии со цигари. При спроведувањето на акцијата инспекторите се физички попречувани да ги одземат тутунот и цигарите. Дел од продавачите физички ги нападнале и ги вратиле назад дел од одземениот тутун и цигари, соопштија од Државниот пазарен инспекторат.

Иако биле нападнати инспекторите поминале без повреди, соопштија од ДПИ. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух 

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид