Утрински Весник
Македонија

Во Тетово не се одбележува формирањето на КПМ поради состојбата со коронавирусот

Во Тетово не се одбележува формирањето на КПМ поради состојбата со коронавирусот

Тетово, 19 март 2020 (МИА) – Општинската организација на Сојузот на борци на Македонија -Тетово до јавноста испрати соопштение за потсетување на значајниот датум – 19 март 1943 година, кога во градот, во куќата на семејството Јовановци е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет.

Од таму информираат дека поради новонастанатата состојба датумот не се одбележува во Музејот на тетовскиот крај, односно во Спомен-куќата на Јовановци во населбата Два бреста.

-На оваа прва седница на 19 март 1943 година донесени се повеќе значајни одлуки за понатамошниот тек на Народноослободителната и антифашистичка војна. Се формираат пет обласни комитети во петте оперативни зони, формирање на поголеми воено-оперативни единици (баталјони и бригади), да се зголеми политичката активност, да се формира штаб на Првата оперативна зона и друго. Централниот комитет го сочинувале Лазар Колишевски – секретар, Мара Нацева- организационен секретар, Кузман Јосифовски – Питу – член, Цветко Узуновски – Абас- член и Бане Андреев – Ронката – член, соопштуваат од Сојузот на борци.

Вообичаено датумот се одбележуваше со положување цвеќе и пригодна културно-уметничка програма. ас/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Неготино

Спасовски: Нашето патување низ овие 33 години беше патување на јасно изразена волја на граѓаните, на визија, непокор и единство

Мицкоски со порака: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности