Утрински Весник
Македонија

Во тек реконструкцијата на градинката „Мајски цвет“

Во тек реконструкцијата на градинката „Мајски цвет“

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Во полн ек е реконструкцијата на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1.

– Локалната самоуправа почна со активностите за опремување на тоалетите, со нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници), а се поставуваат и нови плочки по ѕидовите. Речиси се заменети и сите прозорци во објектот, со што целосно ќе се подобри енергетската ефикасност на оваа детска установа, соопштуваат од Општина Карпош.

Оттаму информираат дека станува збор за објект кој повеќе години делуваше запуштено, а е лоциран во урбаното јадро на Карпош.

– Општината ја започна етапната реконструкција на „Мајски цвет“ пред еден месец, а за истата се предвидени средства од Буџетот за 2020 година. Во следниот период се очекува и реконструкција на кровната површина, подот и фасадата. Исто така, предвидено е внатрешно опремување на занималните со нови дидактички материјали и инвентар, истакнуваат од општината.

Од локалната самоуправа наведуваат дека Општина Карпош продолжува да работи на подобрување на условите во предучилишното образование и зголемена детска заштита.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини