Утрински Весник
Македонија

Во тек огласи за вработување на 500 образовни асистенти, нето месечна плата 24.000 денари

Во тек огласи за вработување на 500 образовни асистенти, нето месечна плата 24.000 денари

Во петте основни училишта со ресурсен центар во тек се јавни огласи за вработување на 500 образовни асистенти, кои од есен ќе им бидат поддршка на учениците со атипичен развој вклучени во редовна настава.

На огласите можат да се јават сите лица кои имаат завршено образование за: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, како и оние кои исполнуваат услови за наставник во одделенска и предметна настава.

Образовните асистенти ќе бидат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите/старателите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот. Тие истовремено треба да ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата.

Месечните примања согласно огласите изнесуваат 24.208 денари. Од вкупно 40 работни часови неделно, образовните асистенти треба 20 до 30 часа да посветат на директна поддршка на ученикот и наставникот, а останатите за подготовка и организација на сопствената работа.

Огласите покрај објавите во јавните гласила, може да се поггледнат и на интернет страниците на Основните училишта со ресурсен центар.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

За малку избегната трагедија во Бутел – куршум заврши во автомобил

Дијаспората да гласа онлајн на изборите, предвидуваат измените на Изборниот законик