Утрински Весник
Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јуни 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јули 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

05.07.2021 год.(понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

06.07.2021год.(вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Филков: Кадровското зајакнување клучно за дигитализација и ефикасно правосудство

Кривична пријава за лихварство против двајца кавадарчани

Вкрстено испитување на сведок од ФЗО во предметот „Онкологија 2“