Утрински Весник
Македонија

Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период

Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период
Dik 300x250 mk

Министерството за труд социјална политика соопшти дека во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

За првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

За вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

За третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и

За четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви износи,​ на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.

Можете да прочитате

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“

Велес: Со „мерцедес“ излетал од пат и се забил во дрво

Гаши во Турција ја прими Глобалната награда за дипломатија