Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во текот на денот летови од Виена и Базел за враќање на македонски државјани

„Виз Ер“ ги суспендира летовите од скопската база до 4 април
300x250 opst2

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Државјани на Република Северна Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел.

Синоќа по полноќ се очекуваше авион со 180 наши државјани да слетаат на скопскиот аеродром од Бон.

Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација.

Вчера од Берлин со авион беа вратени 176 лица, 173 возрасни и 3 дечиња. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје.

– Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, напиша Димитров.ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За девет месеци на ГП „Џепиште“ кај Дебар минале 36 938 патници или девет отсто повеќе споредено со лани

„Бранкојавление“ во Охрид – ЗНАМ како се продава сопствениот код

Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината