Утрински Весник
Магазин

Во судница прикажана фотографија од крвавиот Џони на носилки, актерот откри што му направила Амбер

Во судница прикажана фотографија од крвавиот Џони на носилки, актерот откри што му направила Амбер

Амбер Херд и Џони Деп пристигнаа на суд втор ден по ред.

Кога влегол во судницата, Деп веднаш ги дезинфицирал рацете со гел.

Случајот го води судијата Андреј Џорџ Линдзи Никол, издавачите на таблоидот „Сан“ ги застапува Адам Волански КК, а адвокат на Деп е Дејвид Шиборн.

Судскиот процес треба да трае 3 недели.

Џони Деп истакна дека знаел оти неговиот брак со Амбер Херд е завршен кога нашол фекалии во креветот. Тој исто така рече дека речиси ќе останел без прст кога Амбер го гаѓала со две шишиња вотка.

На прашањето дали зел кокаин во март 2015 година, актерот рече дека не се сеќава.

Саша Вас, адвокат на таблоидот „Сан“, му забележува на Деп што ги предвидува прашањата велејќи му дека ќе постави прашања.

Саша рече дека Деп ја удрил Амбер повеќе од еднаш кога му се смеела. Таа, пак, тврди дека ја удрил трипати, а Деп одговорил дека не е точно.

Таа исто така изјави дека Деп тогаш се онесвестил, се извинувал, плачел и и рекол дека никогаш повеќе нема да се случи тоа. Деп рече дека никогаш не ја удрил, така што наведеното никогаш не се случило.

На прашањето дали пуши, Деп рекол: „Да, имам ужасна зависност од никотин“, но додаде дека никогаш не бил зависник од кокаин.

Во судницата е покажана фотографија на Деп од болница, на која тој е крвав, по наводниот напад на Амбер врз него со две шишиња. Херд истакна дека тоа не е точно и дека таа е жртва на семејно насилство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста