Утрински Весник
Македонија

Во Струга прв случај на лице заразено со омикрон

Во Струга прв случај на лице заразено со омикрон

Според информациите од Центарот за јавно здравје, во Струга е регистриран случај на заразено лице од новиот сој на коронавирус омикрон. Надлежните додаваат дека заболено е невакцинирано повозрасно лице, асимптоматски случај и дека е во изолација.

Ова е втор официјално потврден случај на омикрон во Македонија, откако минатата недела беше откриен уште кај едно лице кое допатува од Велика Британија.

Според надлежните новозаразениот се тестирал заради патување и во текот на тој скрининг било откриено дека лицето е инфицирано со омикрон.

Тој според последните информации не знаел од каде ја добил инфекцијата.

Инаку, според информациите од ресорното министерство, за 24 часа во Македонија се направени 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19.

Можете да прочитате

Променливо облачно, температурата до 11 степени

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците