Утрински Весник
Македонија

Во среда авионско и терестрично прскање против комарци на подрачјето на град Скопје

Во среда авионско и терестрично прскање против комарци на подрачјето на град Скопје

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Градот Скопје во среда на 10 јуни на подрачјето на градот ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција, против ларви од комарци, информираат од прес службата на Град Скопје. Првично, како што е наведено во соопштението, во раните утрински часови на 10 јуни ќе се врши авионската дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Потоа истиот ден во период од 08:00 до 17:00 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, појаснуваат од Град Скопје.

Воедно оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени куќи и верски објект од пламените јазици

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил

Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни