Утрински Весник
Свет

Во Србија 6.534 новозаболени од коронавирус, 55 починати

Во Британија 11.000 заразени пациенти во сериозна состојба

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 19.826 лица за коронавирусот, од нив 6.534 биле позитивни, додека починале 55 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците низ Србија има 319 пациенти на апарати за дишење, најмногу од почетокот на епидемијата.

Кризниот штаб за борба против коронавирус се состана рано утрово, но по час и половина разгледување на епидемиолошката состојба, не беа преземени никакви мерки. Тоа најверојатно е одложено за понеделник, бидејќи постојните мерки истекуваат во вторник, на 15 декември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик