Утрински Весник
Свет

Во Србија 5.896 нови случаи на коронавирус, 63 лица починаа

Во Србија 5.896 нови случаи на коронавирус, 63 лица починаа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според последните податоци, во Србија се регистрирани 5.896 нови случаи на коронавирус, од 19.952 тестирани примероци, а починаа 63 лица. На респиратор има 290 пациенти.

Во Белград 300.000 граѓани веќе ја примиле третата, бустер доза од вакцината, а бројот на оние кои ја примаат првата доза се зголемува секој ден, изјави градскиот секретар за социјална заштита, Наташа Станисављевиќ.

Таа за ТВ Пинк изјави дека во Белград досега се дадени 1.938.000 дози, односно дека со првата доза се вакцинирани 837.000 граѓани, што е повеќе од 60,39 отсто, додека 800.000 луѓе или 57 отсто се ревакцинирани.

„Од воведувањето на пропусниците за ковид, односно од минатиот понеделник, во Белград се зголемува бројот на вакцинирани“, нагласи Станисављевиќ.

Можете да прочитате

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво

Северна Кореја тестираше ракета со долг дострел земја – воздух