Утрински Весник
Свет

Во Србија 5.725 новозаразени со коронавирус, 68 лица починаа

Во Србија 5.725 новозаразени со коронавирус, 68 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 5.725 новозаразени со коронавирус, а 68 лица починаа.

Како што пишуваат локалните медиуми, бројот на заболени во Србија не се намалува со денови, напротив, се бележат голем број смртни случаи како последица на инфекција со коронавирусот, поради што надлежните ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат и на тој начин да се заштитат себеси и своите најблиски.

Д-р Бранислав Тиодоривиќ предупреди дека не очекува нималку оптимистичко сценарио кога станува збор за епидемијата.

Дополнително, лекарите предупредуваат граѓаните да не користат непроверени лекови за лекување на Ковид – 19 бидејќи може да биде опасно по нивното здравје.

Можете да прочитате

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија