Утрински Весник
Свет

Во Србија 5.679 нови случаи на коронавирус, 48 лица починаа

Голем прилив на пациенти во Белград, за 24 часа примени 144 заразени во болниците

Според последните информации, во Србија се регистрирани 5.679 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале.

Вкупно 318 пациенти се на респиратори.

Во последните 24 часа биле тестирани 16.886 лица.

Овој викенд, како и претходниот, во Србија се на сила рестриктивни мерки, односно сите објекти освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи се затворени до понеделник во 5 часот наутро.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста