Во последните 24 часа, во Србија биле тестирани 11.192 лица за Ковид-19, од кои 2.677 биле позитивни. Регистрирани се и 9 смртни случаи.
Според последните податоци, во здравствените установи во Србија има 77 пациенти на респиратори.
Привремената болница во белградска Арена во последните три дена примила 120 пациенти. Вчера, Белград забележа најголем број на позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата, односно 1.144 случаи.
Од почетокот на епидемијата, тестирани се вкупно 1.412.855 примероци и потврдени се 60.635 случаи на инфекција, а вкупно починале 880 заболени, со стапка на смртност од 1,45 проценти.
Кризниот штаб на српската влада во петокот делумно ги заостри епидемиолошките мерки со забрана за собирање на повеќе од пет лица во затворени простории и на отворено и најави измени во Законот за заштита на населението, со кои ќе се изрекуваат казни од околу 40 евра за граѓаните кои избегнуваат да носат заштитна маска. а околу 2.550 евра за правни лица.