Утрински Весник
Свет

Во Србија пристигна втората тура вакцини на „Фајзер“

Во Србија пристигна втората тура вакцини на „Фајзер“

Денеска во Србија пристигнаа 18.525 дози вакцина на компанијата „Фајзер“, наведува „Танјуг“, повикувајќи се на неговиот извор од Владата на Србија.

Дополнителни дози вакцина против коронавирус на „Фајзер“ и „Бионтек“ треба да пристигнат на 19 и 25 јануари.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, вчера изјави дека досега се вакцинирани 9.300 граѓани на Србија.

Од денес, граѓаните на Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19 со пополнување на едноставен прашалник на порталот www.euprava.gov.rs.

Ова е првиот чекор во организацијата на масовна вакцинација и добивање датум и место на имунизација во согласност со приоритетите пропишани од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ-Батут“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Торнадо го погоди југот на Франција, 15 повредени и оштетени куќи

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие мојот син

Банди извршија масакр во Хаити, над 40 лица убиени