Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Србија пристигнаа уште 50.000 дози на руската вакцина „спутник В“

Во Србија пристигнаа уште 50.000 дози на руската вакцина „Спутник В“
Img 7972

Авион со нов контингент на руската вакцина „спутник В“ слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

„Денес, напладне, ќе пристигнат уште 46.800 вакцини на „Фајзер“, што значи дека заедно со овие дози, вкупно два милиони вакцини се доставени во Србија, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Според зборовите на министерот за иновации, Ненад Поповиќ, станува збор за првата компонента на вакцината со која 50.000 луѓе ќе можат да се вакцинираат.

Поповиќ изрази задоволство, бидејќи испораката на вакцини од Русија се одвива според договорената динамика.

„Се согласивме да купиме два милиони вакцини од Русија. Очекувам до крајот на март, односно во текот на првата половина на април, целата договорена количина на вакцини да биде доставена до Србија“, рече Поповиќ.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години