Утрински Весник
Свет

Во Србија започна референдумот за промена на Уставот

Во Србија започна референдумот за промена на Уставот

Во Србија во 07:00 часот беа отворени избирачките места за референдумот за промена на Уставот, чија цел се судските реформи и усогласување на домашното и европското законодавство во процесот на пристапување на Србија во Европската Унија.

Промените на Уставот треба да ја зајакнат независноста и ефикасноста на судството, а меѓународната заедница и Брисел го гледаат како „клучен чекор“ во процесот на европска интеграција.

Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и ЕУ го поздравуваат националниот референдум за уставните измени во Србија како клучен чекор во зајакнувањето на независноста на судството и подобрувањето на транспарентноста и ефикасноста на институциите за владеење на правото во земјата, пишуваат медиумите во регионот.

Во новинарските написи се анализира дека владејачките партии и највисоките владини претставници – од претседателот и премиерот до министрите, ги повикаа граѓаните да го ратификуваат Законот за уставни промени, велејќи дека судските реформи во согласност со ЕУ ќе продолжат како услов за понатамошна реформа на правниот систем и постигнување подобри оценки.

Можете да прочитате

Руски ракети погодија студентски дом и цивилни објекти во Киев: Еден загинат и 15 повредени

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила